„Не е добро за моето здравје да не возам мотоцикл“, вели актерот

Родениот во Либан канадско-американски актер Кијану Ривс преку видео клип во разговор за магазинот GQ ја покажува својата колекција на мотоцикли – од Norton Commando 850, ексклузивниот зелен Ducati 998 Matrix Reloaded Edition до Arch KRGT-1, Kawasaki ZX-10, Yamahu R1… Ништо чудно, бидејќи одамна е познато дека Ривс е страстен обожавател на возилата на две тркала, но и косопственик и коосновач на малиот производител на мотоцикли Arch Motorcycle

Интересно во интервјуто е тоа што Ривс кажува интересни факти за неговата кариера и животот воопшто во кои мотокултурата и мотоциклите се тесно испреплетени. Кијану Ривс израснал со љубов кон марката Norton, а модел на брендот од 1973 година е вториот мотоцикл кој тој си го купува во Лос Анџелес во 1987 година.

Во интервјуто, Ривс, вели дека некои од неговите договори не му дозволувале да вози мотоцикл поради опасност од несреќа.

„Понекогаш обрнував внимание на тоа, но понекогаш и заборавав“, вели тој. Киану признава дека има голема зависност од мотоциклите. “Кога не возам мотоцикл … не, тоа не е добро за моето здравје“, вели актерот.

Погледнете и сами што вели актерот за својата голема љубов и страст.