Lamborghini официјално ја претстави новата верзија на Huracan

Huracan STO е ново Lamborghini инспирирано од моделите Squadra Corse Huracan Super Trofeo EVO и Huracan GT3 EVO.

Има таканаречен „агресивен“ аеродинамичен body kit кој вклучува преден и заден прилагодлив спојлер, заден дифузер, отвори за воздух и проширени браници, а тркалата се изработени од магнезиум (за да бидат полесни, но со задржана цврстина).

Новиот Lamborghini е поставен на Bridgestone Potenza пневматици. Ветробранското стакло е 20% полесно, па дури и вкупната тежина е помала поради честата употреба на магнезиум и јаглеродни влакна (45 килограми полесен од Huracan Performance или 1339 kg). Односот тежина / моќ е 2,09 килограми на една КС.

Тука се и сопирачките Brembo CCM-R, а најинтересниот дел е моторот – 5.2-литарски V10 мотор со 470 kW / 640 КС и вртежен момент од 565 Nm, погон на задните тркала.

Во фабричкото соопштение се наведува и дека забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3 секунди, како и дека автомобилот достигнува 200 km/h за 9 секунди. Што се однесува до максималната брзина, таа е 310 km/h. 

Во ентериерот се истакнуваат тркачките седишта изработени од јаглеродни влакна, како и површините со алкантара.

Новиот Huracan STO нуди три нови режими на возење: STO (за пат), Trofeo (за тркачка патека) и Pioggia (за дожд). 

Испораката до првите клиенти ќе се случи следната пролет.

Loading...