Според повеќе странски портали, извршниот директор на Bugatti – Стефан Винкелман, ќе го преземе управувањето и со Lamborghini

Ова значи дека Винкелман нема да го напушти раководството на Bugatti, туку некое време ќе дејствува како шеф и на францускиот и на италијанскиот автомобилски бренд. Lamborghini остана без својот прв човек, откако Стефано Доменикали, реши да и се врати на својата прва љубов – Formula 1. Доменикали стана извршен директор на Formula 1, а својата нова работа ќе ја преземе на 1 јануари 2021 година.

Ова ќе биде втор мандат на Винкелман во Lamborghini, бидејќи тој го водеше брендот со голем успех од 2005 до 2016 година. Потоа беше префрлен во Bugatti, каде исто така фунцијата беспрекорно ја извршува.

Сепак, оваа конфузија со еден човек на две позиции кај два различни производители укажува на тоа дека станува збор за веројатно привремено решение. Веќе неколку месеци се шпекулира дека групацијата Volkswagen ќе продаде неколку брендови од своето портфолио, меѓу кои и Bugatti и Lamborghini, како и мото брендот Ducati.