Три SUV и еден многу добар хечбек на најновиот тест за безбедност на / ФОТО+ВИДЕО
EuroNCAP ја тестирал безбедноста на четири нови модели на европскиот пазар, а како и обично, SUV моделите се покажале како најбезбедни
Независната европска организација со седиште во Брисел на тест ги ставила Mazda CX-30, Mercedes-Benz GLB, Ford Explorer PHEV и новата Opel / Vauxhall Corsa. Првите три возила, кои припаѓаат на SUV сегментот, добиле максимални 5 sвездички за безбедност при возење.
Mazda CX-30 има брилијантен резултат, скоро совршен од 99% во областа на „заштита на возрасните патници“. Компактниот јапонски кросовер во областа на безбедност на децата-патници има резултат од 86%, додека заштитата на пешаците во сообраќајот е оценета со 80%. Најслаб резултат моделот има во областа на поседување на асистент системи за возачот – 77%.
Резултатите на останатите тестирани SUV модели се следни:
Mercedes-Benz GLB постигнал 92, 88, 78 и 74 проценти соодветно според редоследот на резултатите кај Mazda CX-30, а рlug-in хибридниот Ford Explorer 87, 86, 61 и 76 проценти.
Единствениот автомобил кој не успеа во најновите тестови на EuroNCAP е новата Opel / Vauxhall Corsa. Субкомпактниот хечбек успеал да освои само 4 ѕвездички, исто како и сестринскиот модел Peugeot 208 претходно оваа година. Резултатите на Corsa според горенаведениот редослед се: 84, 86, 66 и 69 проценти.