Новиот модел Roma е омаж за главниот град на Италија и неговиот бурен и динамичен темперамент

Иако Ferrari Roma има модерен дизајн, овој автомобил е обликуван под влијание на моделите од средината на 20. век како што се 250 GT Berlinetta Lusso и 250 GT 2 + 2.

Прдивижувачка сила во новиот модел е 3.9-литарски твин-турбо V8 од Ferrari со 620 КС (456 kW), достапни на 7.500 вртежи во минута и максимален вртежен момент од 760 Nm. Моќноста на тркалата се пренесува преку 8-степен автоматски менувач со двојна спојка.

Благодарение на оваа комбинација на погонскиот и преносниот систем, автомобилот со тежина од 1.472 килограми до стотка забрзува за само 3,4 секунди, а до 200 на час за 9,3 секунди. Од Ferrari наведуваат дека максималната брзина на Roma е над 320 km/h.

Погледот во патничкиот простор открива интересни детали, како што е подигната централна конзола која ги раздвојува возачот и совозачот. Додека возачот пред себе има голема дигитал инструмент табла, на централната конзола исто така се наоѓа голем екран од мултимедијалниот систем, а пред совозачот има уште еден кој му е наменет само нему.

https://youtu.be/DPedTwM-zks

Ferrari сè уште не ги открил податоците за цените, како и датумот за старт на производството.