Судиската комисија по истрагата по трката утврди дека Макс Верстапен е главниот виновник за судирот со Луис Хамилтон. Како резултат на тоа, Холанѓанецот заработи три места казна на ГН на Русија на 26 септември

Хамилтон и Верстапен останаа без пласман на Италијанското ГП по судирот во 26. круг од трката. Верстапен однадвор се обиде да го претекне Хамилтон кој штотуку излезе од боксот. По преминувањето преку рабникот во кривината 1, болидот на Верстапен полета во воздух, по што двајцата возачи завршија во чакалот.

Во интервјуто по трката, Хамилтон коментираше дека Верстапен свесно влегол во свиокот знаејќи што ќе се случи. Се чини дека и судиите се согласиле со Британецот кој сега има предност пред трката во Сочи.

„Судиите разговараа со возачот на болидот со број 33 (Макс Верстапен), возачот на болидот број 44 (Луис Хамилтон) и претставниците на тимовите, ги прегледаа видео доказите и заклучија дека возачот на болидот 33 е во голема мера одговорен за судирот со болидот 44.

„Болидот 44 излезе од боксот, а болидот 33 беше на главната рамнина. На ознаката 50 метри пред првото свртување, болидот 44 беше значително пред болидот 33. Болидот 33 сопираше доцна и почна да се движи покрај болидот 44. Во ниту еден момент болидот 33 не беше ни минимално понапред од болидот 44“

„За време на состанокот, возачот на болидот со број 33 изјави дека причината за инцидентот е тоа што возачот на болидот 44 го „стиснал“ на врвот од вториот свиок. Возачот на болидот 44 изјави дека возачот на болидот 33 претекнувал предоцна и дека требало или да се откаже од маневрирањето или да сврти лево преку работ на патеката“.

Покрај казната, судиите нагласуваат дека се истражува само самиот инцидент, а не последиците што следат.