Оваа година, Bugatti во својата Lifestyle колекција додаде и маса за билијард, која чини повеќе од една семејна куќа

Сепак, можете да се обложите дека куќата на неименувана личност која ја купила оваа маса за билијард чини многу повеќе од 296.000 американски долари.

Билијард масата е развиена во соработка со шпански експерти за IXO композити. Користи рамка изработена од алуминиум и титаниум, и целата завршна обработка е во комбинација од алуминиум и јаглеродни влакна. Всушност, масата за билијард изгледа „прекрасно“ како и автомобилите на Bugatti.

Во дупките за топчиња се користи нерѓосувачки челик обложен со кожа и се е прицврстено со титаниумски завртки за да се спречи корозија.

На масата за билијард има додатоци изработени од карбонски влакна, а има и LED таванско осветлување. Стаповите за играње доаѓаат со држач, а 13-инчен дигитален екран ќе ви помогне да ги следите резултатите. Дури и кутијата со креда е изработена од елоксиран алуминиум. Пакетот, исто така, вклучува футрола за Araminth Tournament Pro кугли и USB што содржи фотографии и видеа за конструкцијата на масата.

Цената на масата е речиси 300.000 американски долари, а ќе бидат направени само 30 примероци, од кои секоја ќе има табличка со сериски број.