Со 200.000 автомобили повеќе, Mercedes e пред конкурентот од Баварија

Штутгартскиот бренд во 2018 година постигнал раст од 0,9 отсто споредбено со претходната година, пред се поради добрата продажба на новата А-класа. BMW и покрај поголемиот раст за 1,8 отсто, сепак е зад лидеор Mercedes, со оглед на тоа што BMW продаl вкупно 2,12 милиони возила. На третото место на глобално ниво е Audi, кој продаl 1,87 милиони автомобили, и покрај падот на продажбата од 3,8%.

Најважниот пазар за премиум сегментот останува во Кина, каде што BMW и Mercedes имаат раст на продажбата од 11 отсто, а по нив следи Audi со раст од 7,7 отсто.

Минатата година во Европа дефинитивно беше тешка за сите премиум производители. Mercedes продал 2,3% помалку возила отколку во 2017 година, BMW има пад од 0,1%, додека Audi се чини е жртва на WLTP протоколот, а со тоа – 14% помалку продажби отколку во претходниот референтен период .

Што се однесува до ситуацијтаа во САД, иако Mercedes е на тронот, продажбата во 2018 година има пад од 6,3%. Потоа следи BMW чии возила имаат 0,5% поголема продажба споредбено со 2017 година, додека Audi има минус од 1,4% од продадените возила.