Toyota Tundra Capstone е нов премиум пикап / ВИДЕО
Додека остатокот од светот пикапите воглавно ги гледа како работни и примитивни возила, Американците одамна сфатија дека можат добро да заработат ако ви понудат опрема од Lincoln или Cadillac, во таков вид на возило. Логиката е дека само затоа што носите товар од пет или десет тони зад себе не значи дека не сакате да уживате во најсовремена технологија и опрема
Камионетите се исклучително профитабилна стока и еден извор вели дека Ford прави дури 75% од својот глобален профит на модел од серијата F.
Toyota е подготвена да се вклучи во трката со претставување на Capstone конфигурација на својот модел Tundra. Третата генерација на јапонскиот камионет неодамна дебитираше и наскоро ќе пристигне во салоните, а Capstone ќе ја замени претходната верзија наречена Edition 1794 како најскапиот камионет од земјата на изгрејсонцето.
Што точно донесува овој модел? Навистина не се познати сите детали бидејќи Toyota сè уште ги нема објавено, но многу медиуми велат дека Capstone ќе се разликува по многу имплементираниот евтин материјал сличен на хром, тркалата од 22 инчи и специјалниот браник, како и решетката на ладилникот.
Внатрешноста треба да биде преполна со опрема како што се квалитетна кожа, поголем панорамски покрив, 14-инчен монитор и секако најмодерната електроника која клиентот може да ја посака. Tundra доаѓа и со посебно скалило за полесно влегување во приколката и воздушна суспензија за подобра удобност.
Под хаубата повторно се крие 3,4-литарски турбобензинец, кој во комбинација со електромотор развива 437 коњски сили и максимални 790 Nm вртежен момент. Моќта вообичаено се пренесува на сите четири тркала преку десетстепен автоматски менувач, а Toyota не им препорачува на сопствениците да влечат товари потешки од 4,7 тони.
На приложените фотографии е прикажан пикапот во бела боја, но Capstone ќе биде достапен и во црвена, црна, сива и сина боја.
За сега, цената не е позната. Споменатото издание 1794 чини 61 илјада долари, па медиумите проценуваат дека Capstone ќе биде поскап за околу десет илјади долари.
За жал, американските медиуми не го примија баш најдобро овој камионет за сега. Јавноста е прилично разочарана што петнаесет години се чекало на новата Tundra, за на крајот да се добие модел кој заостанува зад конкуренцијата во повеќето категории.
И покрај тоа што Capstone ќе привлече некои клиенти со длабок џеб, се чини дека тоа е далеку од парчето колач што го посакува Toyota.