Toyota Supra vs BMW Z4 / ВИДЕО
Ова е дуел кој многумина го чекаа и кој ќе разреши некои дилеми
Веројатно знаете дека новата генерација на Toyota Supra е во голема мера заснована на BMW Z4. Всушност, овие два модели се толку блиски што имаат сличен ентериер, инфо-забавен систем и го користат истиот BMW B58 3/0-литарски агрегат со шест цилиндри. Овие сличности на тврдокорните фанови на Supra, воопшто не им се допаѓаат/
Затоа, се поставува прашањето, кој автомобил е подобар во однос на основните перформанси, како што е на пример забрзувањето. Се разбира, тука е CarWow кој се вклучил во целата приказна за да даде одговор.
Значи, двата модели ги користат услугите на 6-цилиндерскиот мотор на BMW со 340 КС и 370 Nm максимален вртежен момент. Агрегатот е поврзан со осум-брзинска ZF трансмисија со конвертор на вртежен момент.
Главната разлика се е во конфигурацијата на телото. Supra е купе, а Z3 roаdster. BMW тежи 40-ина килограми помалку, што и не е толку важно.
Погледнете го видеото!