Oд компанијата веруваат дека гласовно контролираните HUD системи ќе ги заменат екраните

Во блиска иднина во салонот на моделите на Audi, инфо-забавниот систем и инструмент панелот нема да имаат дигитален екран. Тие ќе бидат заменети со проекциони дисплеи, а целата контрола ќе се врши со гласовни команди.

Денес, повеќето производители стандардните копчиња во автомобилите ги заменуваат со сензорни аналаози, со што уште повеќе се усложува управувањето со системот. Големите дигитални екрани кои ја заменуваат таблата со инструменти ги има се повеќе и повеќе. Сепак, Audi, како што веруваат во компанијата, ќе направи уште еден голем чекор напред, вели главниот дизајнер Марк Лихте.

Според него, иднината на дигиталните екрани е нејасна и во следните 10 години нивниот број ќе се намалува, иако притоа изразува мала доза на несигурност, користејќи го зборот „можеби“, што укажува на тоа дека германскиот производител сè уште не е целосно подготвен да ги исполни роковите за имплементирање на промената.

Според Лихте, ова ќе биде случај поради head-up дисплеите односно HUD системите. Зголемените типови на HUD системи се развиваат забрзано и можеби ќе бидат крајот на една ера за дигиталните прикази. Лихте, исто така, додаде дека гласовната контрола во виртуелните пилотски кабини ќе биде клучот за иднината со помалку прикази.