Јапонците се уште ја предводат листата на највредни кога станува збор за автомобилската индустрија

Само две марки во областа на автомобилизмот се меѓу десетте највредни во глобална смисла. Станува збор за Toyota, која е проценета на 54,1 милијарди долари (+5%) на седмата позиција, пред Mercedes-Benz на осмото место, а које е проценет на 50,8 милијарди долари (+3%).

Покрај наведените автомобилски гиганти, во Топ 10 се и: Apple, Amazon, Microsoft, Google, Samsung, Coca-Cola, McDonalds и Disney. Надвор од првите десет е BMW (12. место) чија вредност се проценува на 41,6 милијарди долари, со раст од 5% во однос на минатата година, пред Tesla која е на 14. место и со феноменален раст од 184% или вкупна вредност од 36,2 милијарди зелени банкноти. 

Далеку зад водечката четворка е Honda со вредност од 21,3 милијарди долари, додека Hyundai се проценува на 15,1 милијарди долари. Audi, според студијата на Interbrand, кој ја состави оваа листа, вреди 13,4 милијарди долари, исто колку и Volkswagen. Ford е проценет на 12,8 милијарди долари, Porsche на 11,7 долари, додека Nissan е проценет на 11,1 милијарди долари.

Сите други автомобилски марки се проценети на помалку од 10 милијарди долари.