Општо е познато е дека фудбалерите многу сакаат да се истакнуваат со скапи автомобили. Барем оние кои заработуваат од милионските договори со големите клубови

Оправдано или не, фудбалерите се многу платени за своите услуги поради популарноста, талентот и кратката кариера, но и фидбекот што го носат за клубовите и нивното работење. Со големи банковни салда и скапи вкусови, многу играчи трошат многу на луксузни предмети, пред се на автомобили.

Да се биде меѓу најдобро платените спортисти, за многу фудбалери значи и колекција на скапи, ретки и во ограничено издание автомобили. 

Ова е поглед кон топ 10 листата на фудбалери со најскапи автомобили:

  1. Лионел Меси – (Pagani Zonda Tricolore) – 1.7 мил. долари

Лионел Меси од ФК Барселона е најплатениот фудбалер во Европа и поседува неколку луксузни возила. Еден од неговите највредни предмети во сопственост е автомобилот Pagani Zonda Tricolore, кој вреди огромни 1,70 милиони американски долари. Аргентинецот е сопственик на еден од трите примероци некогаш произведени.

  1. Златан Ибрахимовиќ – (Ferrari Monza SP2) – 1.7 мил. долари

Златан Ибрихимовиќ за својот 34-ти роденден си подари Ferrari Monza SP2, кој вреди 1,70 милиони долари. Швеѓанецот сè уште игра на високо ниво и на 39-годишна возраст за Милан во Серија А.

  1. Самуел Ето – (Aston Martin One-77) –  1.8 мил. долари

Самуел Ето е еден од најдобрите играчи на сите времиња кои дошле од Африка, а кој настапуваше за екипи како Барселона, Челзи и Интер, е сопственик на луксузен Aston Martin One-77. Од автомобилот се произведени само 77 единици секоја по 1,80 милиони долари.

  1. Карим Бензема – (Bugatti Veyron Pur Sang) – 1,9 мил. долари

Познато е дека Французинот со долга кариера во Реал Мадрид, Карим Бензема има скап вкус за автомобилите. Едно од неговите најскапи вложувања е Bugatti Veyron Pur Sang. Автомобилот има алуминиумско тело, може да достигне максимална брзина од 400+ km/h и чини 1,90 милиони американски долари.

  1. Кристијано Роналдо (Bugatti Veyron Grand Sport) – 2 мил. долари

Португалецот оваа сезона игра во солидна форма за Јувентус.

Кристијано Роналдо не е само еден од најдобрите фудбалери во светот, туку тој е и икона и кога не игра. Еден од најмаркантните спортисти во светот, Роналдо обожава да „фрла пари“ на луксузни автомобили. Еден од скапоцените камења во неговата колекција е Bugatti Veyron Grand Sport, кој Португалецот го чинел 2 милиони долари.

  1. Џон Тери – (Ferrari 275 GTB) – 2.2 мил. долари

Легендарниот поранешен дефанзивец и капитан на Челзи, Џон Тери има префинет вкус кога станува збор за автомобилите. Наместо да поседува еден од најбрзите автомобили во светот, тој е сопственик на Ferrari 275 GTB, ретка антика од автомобил од 60-тите години на минатиот век, чија вредност со годините само се зголемува. Денес вреди повеќе од 2,2 милиони долари.

  1. Сон Хенг Мин – (Ferrari LaFerrari) – 3 мил. долари

Сон Хенг Мин е сопственик на еден од најисклучителните модерни автомобили на Ferrari, Ferrari LaFerrari. Напаѓачот кој игра за Тотенхем и е капитен на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја, исто така е несомнено најдобриот фудбалер на Азија во моментот. Хиперавтомобилот вреди околу 3 милиони американски долари.

  1. Кристијано Роналдо – (Bugatti Chiron) – 3 мил. долари

Bugatti има верен клиент во Кристијано Роналдо кој е еден од нивните најстраствени купувачи. Неговата флота на автомобили вклучува и Bugatti Chiron, кој беше најбрзиот сериски автомобил (на легален пат) во 2019 година. Ова парче беспрекорен инженерин го чинеше Роналдо над 3,00 милиони долари плус дополнителни средства за увоз и слично.

  1. Кристијано Роналдо – (Bugatti La Voiture Noire) – 18.60 мил. долари

Кристијано Роналдо си ја резервираше најновата продукција на Bugatti која беше најавена уште во 2019 година, а ја доби во 2021 година. Bugatti La Voiture Noire го чинеше поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид околу 18,60 милиони долари, што го прави еден од најскапите автомобили во светот.

  1. Лионел Меси – (Ferrari 335 S Spider Scaglietti) – 35.0 мил. долари

На врвот од оваа топ 10 листа се наоѓа Аргентинецот и автомобилот со скромен изглед Ferrari 335 S Spider Scaglietti. Сепак, изгледот може да ве измами, бидејќи ова парче историска брилијантност Аргентинецот го има купено на аукција. За него, морал да издвои огромни 35 милиони долари, што го прави најскапиот автомобил во сопственост на еден фудбалер.