Бројките говорат сами за себе

Погледнете ја листата на Топ 10 најпродавани модели на автомобили и откријте што најчесто може да се види на патиштата ширум светот. Сликите се од автомобилите од прва генерација.

  1. Chevrolet Impala

Chevrolet Bel Air Impala, 1958

Долгогодишната муза од Chevrolet – Impala, е продадена во повеќе од 14 милиони примероци од нејзиното претставување во 1958 година и моделот Bel Air.

  1. Volkswagen Passat

Volkswagen Passat, 1973

Иако на пазарот е многу помалку време споредбено со Impala, Passat од своето деби во 1973 година е продаден во 15,5 милиони примероци.

  1. Ford Model T

Ford Model T, 1908

Првиот сериски автомобил е продаден во 16,5 милиони примероци.

  1. Honda Accord

Honda Accord, 1976

Премиерно, Honda Accord е преставен во 1976 година и досега се продадени 17,5 милиони примероци.

  1. Honda Civic

Honda Civic, 1973

Неколку години постар од Accord, Honda Civic од 1973 година па до денес е продаден во 18,5 милиони примероци.

  1. Ford Escort

Ford Escort, 1968

Иако Ford е американска компанија, овој модел поголема популарност имал во Европа. Заедно, од моделот се продадени 20 милиони примероци, од 1968 до крајот на производството во 2000 година.

  1. Volkswagen Beetle (Буба)

Volkswagen Beetle, 1938

Популарната „Буба“ има најдолг век на траење од овие автомобили, така што се произведува од 1938 година, а е продадена во повеќе од 23,5 милиони примероци.

  1. Volkswagen Golf

Volkswagen Golf, 1974

Голф I, II, III, IV, V, VI, VII – 27,5 милиони единици од 1974 година.

  1. Ford F-Series

Ford F-Series, 1948

Ford F-Series камионетот во продажба е од далечната 1948 година и досега е продаден во околу 35 милиони примероци.

  1. Toyota Corolla

Toyota Corolla, 1966

Toyota својот најпопуларен модел го лансираше во 1966 година и досега има продадено 37,5 милиони примероци.