Очекувано, VW Golf и понатаму е убедливо на лидерската позиција на листата на најбарани автомобили на стариот континент, пред Renault Clio и Volkswagen Polo

Годината која е зад нас не донесе изненадувања кога станува збор за најпродаваните автомобили на европскиот пазар. На листата на најбарани модели, објавени на веб-страницата на focus2move.com, која претставува збирна продажба од 44 европски земји, на првата позиција неприкосновен е VW Golf со испорачани 502.752 автомобили.

Kомпактот на Volkswagen е убедливо прв и покрај падот во продажбата на годишна основа од 8,8%, главно поради најавената промена на генерации.

На втората позиција, како и претходната година е Renault Clio, со вкупно 365.508 продадени возила и мал пад во продажбата од 0,7%.

Третата позиција е за уште еден Volkswagen – Polo, со испорачани 313.449 единици и раст на продажбата од 5.3%, со што и овој модел го задржува местото на листата од 2017 година.

Најголем напредок на листата има Dacia Sandero, од 13-тo до 9-тo место.

Единствениот јапонски (азиски воопшто) модел меѓу првите десет останува Nissan Qashqai, со пад на продажбата од 7% во 2018 година, поради што има пад од две позиции споредбено со 2017 година, од 4-та на 6-та позиција.

Во прилог листата на Топ 10 најпродавани модел во 2018 година (извештајот ги опфаќа сите земји од ЕУ, земјите членки на EFTA – Норвешка, Швајцарија, Исланд и земјите кои не се членки на една од овие две организации – Русија, Турција, Украина , Белорусија, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија, Молдавија, Ерменија, Грузија.