Тимот на „Докторот“ во MotoGP од 2022 година
Легендата на MotoGP, Валентино Роси, од следната сезона ќе има својот тим во кралската класа.
Она што е исто така важно е дека тимот VR46 сигурно ќе биде во оваа категорија до 2026 година. Ова е секако важна вест за Докторот, без оглед дали тој ќе продолжи да се трка или не.
Според италијанскиот Sky Sports, тимот на Роси ќе се вика Aramco Racing VR46 и ќе има многу важни спонзори за натпреварувањето во MotoGP шампионатот. Тимот на Валентин ќе има поддршка од компанија водена од саудискиот принц Абдулазиз бин Абдулах Ал Сауд. Предметната компанија е Tanal, а главен спонзор ќе биде Aramco, кој повеќе години e дел од MotoGP шампионатот и Formula 1.
„Среќни сме што можеме да објавиме важен стратешки договор со VR46, тимот на Валнетино Роси, за блиската иднина во MotoGP“, пишува во соопштението од Tanal. „Тимот VR46 ќе дебитира во кралксата класа заедно со Tanal, а главен спонзор до 2026 година ќе биде Aramco. Новиот Aramco Racing VR46 тим ќе има и други важни спонзори“.
Роси долги години го има својот тим во пониските категории, а оваа година неговиот полубрат Лука Марини вози под спонзорското име Sky VR46. Можно е Роси да биде и возач на тимот со кој ќе управува доколку одлучи да ја продолжи кариерата во MotoGP.