Volkswagen официјално ја претстави спортската GTX верзија на електричниот модел ID.4. Според претходните најави, GTX верзии ќе бидат достапни и за другите електрични модели од оваа марка

Како што стојат работите во моментов, суфиксот GTX ќе биде електричен еквивалент на ознаките GTI, GTD и GTE кои Volkswagen ги користи за спортските верзии на моделите со бензински, дизел и хибридни погони.

„Буквите GT веќе долго време значеа задоволство во возењето“, објаснува Клаус Зелмер, член на одборот за маркетинг и продажба на Volkswagen. „Сега буквата Х гради мост за мобилната иднина.

GTX гамата првично ќе биде резервирана само за европскиот пазар.

Накратко, ID.4 GTX е изграден на платформата MEB, има два електромотори, 200 kW / 299 КС и погон на сите тркала, а со едно полнење на батеријата од 77 kWh автономијата достигнува 480 километри (30 минути полнење на брз полнач е доволно за автономија од 300 километри).

Забрзувањето од 0 до 100 km/h е 6,2 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 180 km/h.

Коефициентот на отпорност на воздухот е 0,29, а тркалата се 20 или 21 инчни.

Внатрешноста е опишана како пространа, со пуристички дизајн и одржливи материјали, црвени контрастни шевови, кожен волан со греење и лого GTX, спортски педали, дигитален кокпит, амбиентално осветлување во 30 бои, модерен инфо-забавен систем, кој може да се контролира на гестови и гласовни команди.

Опремата вклучува прилагодлив темпомат, систем за одржување во сообраќајната лента, систем за автоматско сопирање и IQ.Light LED Matrix предни светла.

Ектериерот има нешто поспортки изглед со сјајни црни детали, како и адаптибилни амортизери DCC.

Цените на Volkswagen ID.4 GTX во Германија започнуваат од 50.425 евра (без субвенции).

Loading...

WCOStream dubbed anime: Watch The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 22

KissAnime kissanime official website: One Piece (https://kissanimeonline.com/m/oXK) Episode 971