По триесет години, Alfa Romeo повторно е дел од „најбрзиот циркус во светот“. Официјално е претставен новиот болид Alfa Romeo Sauber со ознака C37, производ на партнерство најавено уште во ноември минатата година</h2>

Иако изгледа многу слично на болидот кој можеше да се види во декември, новото возило во многу нешта се разликува од болидот на Sauber последниве години. Оваа разлика главно се сведува на логото на главниот спонзор и обликот на каросеријата.

Покрај обликот на каросеријата една од забележителните разлики во однос на „демо“ моделот е присуството на логото на компанијата Alfa Romeo, детелината со четири листа, која ги краси автомобилите со високи перформанси и тркачки карактеристики речиси еден век, а кое се наоѓало и на познатиот RL модел кој победил на Targa Florio во 1923 година.

Под црвено-белата боја и логоата на спонзорите, новиот C37 претставува повеќе револуција отколку еволуција во однос на претходниот автомобил, кој беше означен како C36. На се ова во голема мера влијание имаат и новите правила, кои вклучуваат редизајнирана аеродинамика и нов заштитен уред за пилотот.

Во болидот се наоѓа V6 хибриден агрегат со волумен од 1.6-литри, а дизајниран од Ferrari. Поради сето ова, во Sauber, се надеваат на подобри резултати споредбено со манатата година.

[useyourdrive dir=”1pDu_7BB6rP8jy1MwyBL0psMlvpFl4eB9″ maxheight=”360px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Болидите на Sauber ќе ги возат Маркус Ериксон и неговиот нов колега Чарлс Лехлерк. Лехлерк во Sauber е дојден од Академијата за возачи на Ferrari.