Германците се сериозни: закана за исклучување од сообраќај за оние кои не извршиле анти-дизелгејт зафат

0

Германските власти започнале присилно, но законски да ги отстрануваат дизел возилата од постара генерација на централните градски зони. Прв беше Хамбург, а деновиве пристигна вест дека наскоро ќе биде забранета експлоатација на возила од брендовите Volkswagen и Audi, кои се погодени од познатиот скандал од 2015 година, а чии сопственици не се одзвале на поканата на производителите да извршат корективна интервенција

094009

 

Крајниот рок за решавање на проблемот со нелегалниот софтвер за управување со системот за издувни гасови е скоро при крај на цела територија на Германија, а со тоа истекуваат и последните моменти за инертните сопственици, и тоа само во одредени региони.

Надлежните органи на Германија, задолжени за следење на регистрираните возила, испратиле барање до сопствениците на засегнатите возила, со цел да се изврши неопходната корекција. „Повикот е обврзувачки“, вели федералниот министер за транспорт. „Возилата кои нема да поминат низ оваа постапка може да бида отстранати од редовниот сообраќај“.

Погодените возила се од брендовите Volkswagen и Audi произведени во периодот помеѓу 2009 и 2014 година, а опремени со агрегати со кодно име ЕА 189. Според податоците со кои располага германското министерство, во почетокот на јуни 95% од погодените возила веќе поминале низ сервис за корекција.

„Во зависност од датумот на поканите испратени до овие сопственици на возила, во одредени региони е пројдено 18 месеци, додека на други места останато е уште многу малку време“, се вели во писмената изјава на министерството.

Првите принудни исклучувања на возила од сообраќајот веќе се случиле во Хамбург, каде што два автомобили веќе добиле забрана за учество во сообраќајот. Слична е ситуацијата и во Минхен.

Вкупниот број на возила кои би можеле да ја доживеат истата судбина, а се со германски регистарски таблички, е околу 15.000.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »