Според американските медиуми, Tesla изгубила 126 милијарди долари за само еден ден!

Bloomberg пренесува дека оваа промена се случила во вторникот, кога еден од косопствениците на Tesla и директор на компанијата, Илон Маск, го најави купувањето на Twitter.

Производителот на автомобили работи со голем плус, но, како што може да се види, тоа нема врска со цената на акциите и интересите на инвеститорите. За само неколку дена, колку што Маск флертува со Twitter, Tesla загубила 275 милијарди долари или 23 отсто од вредноста на компанијата. Инвеститорите наводно стравуваат дека Маск сега повеќе внимание ќе посвети на Twitter.