Францускиот производител на автомобили Renault својот удел од 68 проценти во AvtoVAZ ќе го пренесе на Рускиот научен институт за симболична сума, објави Русија во средата.

Во Renault одлучиле да го пренесат сопственичкиот удел во AvtoVAZ на Московскиот институт за истражување на автомобили и мотори NAMI бидејќи не може да го продолжат својот бизнис во Русија, соопшти Министерството за трговија.

Уделот е продаден за една рубља, а Renault ќе го задржи правото на откуп во следните пет до шест години, вели рускиот министер за трговија, Денис Мантуров, според извештаите на руската новинска агенција Interfax, додавајќи дека уделот на Renault во фабриката во Москва ќе биде превземено од градската управа.

„Но, ако инвестираме во тој период, инвестициите ќе бидат вклучени во трошоците. Никој никому ништо нема да подари“, потенцира Мантуров.

Ниту француската компанија, ниту владата во Париз, која има 15 отсто од акциите во Renault, не сакаaт да ја коментираат трансакцијата, напоменува Reuters.