Стаклените шишиња за пијалоци и стаклени тегли успешно се рециклираат со децении. Сепак, досега немало рециклирање на автомобилско стакло. Тоа треба да се промени…

Токму затоа Audi започнал да работи на процес на рециклирање на автомобилско стакло. Заедно со партнерските компании Reiling Glas Recycling, Saint-Gobain Glass и Saint-Gobain Securit, производителот на автомобили започнал пилот проект за тестирање на соодветниот процес.

Притоа, стаклата прво се сецкаат, се отстранува пластиката и лепакот, а потоа се топат и се преработуваат во ново автомобилско стакло.

Доколку тестовите бидат успешни, во иднина стаклата за рециклирање ќе се користат за електричниот Audi Q4 E-Tron.

Инаку, досега старите стакла на автомобилите претежно се преработуваа во шишиња за пиење или изолациски материјал.