Кога Tesla го претстави оригиналниот Roadster, јапонските марки како Nissan и Mitsubishi беа меѓу првите кои реагираа.

Некои азиски компании веќе ја нудат втората генерација на електрични автомобили, но се чини дека пристапот на Tesla за фундаментално ажурирање дава резултати. Малкумина помислуваат на Leaf овие денови, но истото не може да се каже за четирите актуелни модели на Tesla.

Се чини дека компанијата на Илон Маск ќе биде високо рангирана во блиска иднина. Што се однесува до 2021 година, таа беше уште една година од тековната електрична револуција, според податоците собрани од Google и анализирани од Lease Fetcher од Велика Британија

Многу производители на автомобили, особено европските, конечно се впуштија во електрична офанзива. Еден голем азиски конгломерат би можел да стане многу популарен играч во EV сегментот, и тоа со еден „прецизен шут“, барем хипотетички. Што се однесува до Tesla и нејзиниот иден ривал Apple Car, тие едноставно се оптоварени со постојани одложувања, кои веќе станаа традиција. Дали некој навистина мисли дека тоа прави разлика?

Ако се суди според оние кои биле љубопитни за „најочекуваните електрични автомобили во светот“, врз основа на пребарувањето на Google, тоа не изгледа така. Користејќи Ahrefs, популарна SEO алатка за оптимизација што ја користат оние кои сакаат да го подобрат својот ранг на Google, се чини дека имало вредни податоци за електричните автомобили кои само чекале да бидат извлечени. Деталите се навистина интересни.

Почнувајќи од моментално достапните електрични автомобили кои се покажале како најпопуларни во изминатата година во 168 земји, круната оди за Model 3 на Tesla Inc., кој е севкупен шампион. Овде навистина нема изненадување, но глобалната доминација на електричната авантура на Илон Маск е навистина зачудувачка. Сите четири модели на Tesla на пазарот се во првите пет, а единствениот автомобил кој ги разделува е Porsche Taycan на третото место. „Сребрениот медал“ е за Tesla Model Y. Зад Tesla Model S и Model X се Audi e-tron, Polestar 2, Audi e-tron GT, Kia EV6 и Ford Mustang Mach-E. 

Така беше во 2021 година, но што е следно според Google? Па, уште повеќе Tesla, со Apple Car кој влегува во игра.

Така, најочекуваниот електричен модел на годината е втората генерација на Tesla Roadster. Така стојат работите на глобално ниво, каде спортските електрични модели генерирале 8.532.000 пребарувања. Интересно, без разлика колку успешни и популарни биле Ford F-150 Lightning или Chevrolet Silverado EV, Cybertruck сè уште е најпопуларен во однос на пребарувањето на Google во САД.

Cybetruck на Tesla е исто така втор на глобално ниво, без оглед на потенцијалните европски или азиски кандидати. Собрал вкупно 7.296.000 пребарувања во текот на 2021 година. Зад него се Apple Car, BMW i4 и Chevy Silverado на батерии. Зад првите пет се Cadillac Lyriq, Nissan Ariya, Ford F-150 Lightning, Rimac Nevera и Mercedes-Benz EQE.

Гледано по земји, Tesla Roadster е прв во 56 од 168 анализирани земји, следен од сè уште неоткриениот модел на Apple (54). Третото место повторно го зазема една од златните кокошки на Tesla, Cybertruck (22), додека зад него е BMW i4 (12 од 13-те први места во Европа).

„Егзотичните“ избори доаѓаат во форма на Cupra Tavascan во Андора и Toyota bZ4X во Буркина Фасо.