Патниците во теренецот на Ford дефинитивно посетата на природниот парк ќе ја помнат цел живот

Според New York Post, инцидентот се случил во природниот парк iSimangaliso Wetland во Јужна Африка. Како што покажува краткото видео, белиот теренец на Ford поради некоја причина му пречел на слонот кој потоа решил лично да се справи со лимениот натрапник.

Видеото трае само 21 секунда, толку колку што му требало на слонот за да го заврти теренецот на покривот. 

Откако го превртел возилото, слонот се оддалечил. Патниците во возилото поминале со полесни телесни повреди, но сите се во видлив шок од блиска средба со најголемото копнено животно.

Во моментов се води истрага за да се утврди која била причината за инцидентот и ваквата агресивна реакција на слонот врз теренското возило кое минувало.

Ова не е прв пат со камера да биде снимен напад на слон врз возило. Во септември минатата година, слон нападна автобус, а потоа со забите ги скрши стаклата на него.