Tesla продолжува со рушење рекорди
Американскиот производител во јуни на клиенти во САД испорачал нешто повеќе од 6.000 примероци од Model 3, за da во јули достигнe рекордни 14.250 возила. Во август, продажниот резултат е повторно надминат
Напорите на луѓето од Tesla да го зголемат производството на најновиот модел дефинитивно даваат резултати. Во август се испорачани 17.800 примероци.
Оваа бројка не е само најдобар месечен продажен резултат на Tesla во САД, туку, генерално, и најголем број на продадени електрични возила за еден месец во САД .
Гледано од почетокот на годината досега, од Model 3 оваа година се испорачани 55.882 примероци, што е најголема продажба на автомобил на електрична енергија во текот на една календарска година.
Досега најдобриот резултат го имаше Nissan, кој во 2014 година продал 30.200 единици од електричниот Leaf.
Она што е сигурно, Tesla Model 3 до крајот на годината сигурно ќе го подобри сопствениот рекорд, бидејќи остануваат уште четири месеци.
Во август, покрај 17.800 примероци од Model 3, Tesla продала и 2.625 примероци од Модел S и 2.750 од кросоверот Model X.