Американскиот произведувач на електрични автомобили во вториот квартал од 2019 година продал рекордни 95.200 возила

Продажбата во периодот април-јуни се зголемила за 51,1% споредбено со претходниот квартал.

Со испорачани 95.200 автомобили во вториот квартал, Tesla го надмина претходниот најдобар квартал – последниот квартал од 2018 година, кога продажните резултати беа на ниво од 90.700 возила. Од компанијата велат дека очекуваат уште подобар резултат во третиот квартал од 2019 година, со оглед на досегашните нарачки.

Model 3 сеуште е најбараниот автомобил на овој производител, а во периодот април-јуни биле испорачани околу 77.550 примероци ширум светот. Во истиот период, вкупно 17.650 единици е продажбата на останатите два модели од гамата – Model S и Model X.