Славната автомобилска марка го прославува 60-от роденден, а како по неколку децении на хибернација подобро да се прослави ако не со прекрасен автомобил со ознака P72

Суперспортскиот модел јасно инспирацијата ја црпи од 1960-те години и тогашните тркачки автомобили, а самата компанија го претставува како модерна класика.

Моделот P72 има тешка задача да го повтори револуционерниот потпис на Pantera од 1970 година, а оваа теза станува појасна кога ќе се види кој стои зад брендот. Тука е Ideal Team Ventures (ITV), сопственост на Apollo Automobili. Кога станува збор за техничките детали на P72 модел, тие се уште не се објавени, но познато е дека предпродукциската верзија која дебитираше на Goodwood Festival of Speed 2019 како погон користи V12 мотор од моделот Apollo IE.

Тешко е да се каже што повеќе привлекува, надворешноста на автомобилот, салонот на возилото, или можеби звукот на оваа скулптура на тркала. 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Како и да е, планираното производство е само 72 примероци, секој по цена од 750.000 евра. Нарачките се веќе почнати.

Loading...