Tesla Model Y добива ривал чија цена е голем адут
Освојувањето на пазарот за Tesla Model Y воопшто нема да биде лесна задача, бидејќи конкуренцијата во овој сегмент станува се поголема
По Rivian, електричниот кросover на Tesla доби уште еден американски конкурент, овој пат од компанијата Fisker.
Кросовер моделот на Fisker пристигнува во втората половина од 2021 година, а главниот адут на сеуште неименуваниот модел ќе биде неговата цена која ќе биде под 40.000 долари.
Според првите дизајнерски фотографии, кросоверот на Fisker се карактеризира со модерен дизајн каде особено се истакнуваат хромираните детали, големите отвори за воздух, масивен браник и тенки футуристички фарови.
Од Fisker истакнуваат дека моделот има атрактивен дизајн кој претходно беше резервиран само за суперавтомобилите.
Детали за изведбата сеуште нема, но се знае дека возилот ќе располага со литиум-јонска батерија од 80 kWh, што треба да обезбеди автономија од 500 km. Се очекува погон на сите тркала со два мотори, по еден за секоја оска.
Исто така, од Fisker најавуваат можност за отстранување на дел од покривот во стилот на targa моделите, што не треба да влијае на безбедноста и структурата на овој SUV модел.