Во средината на минатата година, купувачите на Tesla останаа без државни субвенции кои САД ги одобрија во 2008 година за да ги стимулираат купувачите да размислат за купување на електричен автомобил

Со овие даночни олеснувања, секој еден купувач можел да искористи до 7.500 долари при пресметка на данокот од доход, но олеснувањата важеа само за првите 200.000 први клиенти. Tesla одамна ја надмина оваа бројка, така што сегашните попусти се сведени на износ од „само“ 3.750 долари, а од јули тие ќе паднат на 1.875 долари.

Токму затоа Tesla одлучила да ја намали цената на сите свои модели за 2.000 долари, и на овој начин да им помага на клиентите речиси и да не го почувствуваат недостатокот на државни субвенции. Ова значи дека најевтиниот модел на американскиот производител на возила сега ќе биде Model 3 со средно ниво на опрема со цена од 45.000 долари.

Заинтересираните сé уште го чекаат основниот Standard-Range модел (со најавена цена од 35.000 долари), а од компанијата велат дека ќе стане достапен најдоцна до следното лето. Model 3 Long-Range има цена од 52.200 американски долари, додека перформантната надградба чини 63.200 американски долари. Овој последниот пакет додава 20-инчни тркала, поголеми сопирачки, мал спојлер, модифицирана суспензија и максимална брзина од 240 km/h.

За Model Ѕ неопходно е да одвојат 77.200 долари за верзијата 75D; 95.200 за верзијата 100D и дури 134.200 долари за врвната верзија P100D. Model Х е сè уште најскап во гамата на Tesla со цени од 83.200, 98.200 и 139.200 долари со идентични нивоа на опрема. Компанијата исто така објави дека производството во последното тримесечје изнесувало 86.555 возила, или 245.240 примероци за цела година, што е приближно обемот на производство за сите претходни години.

Од друга страна, акциите на Tesla деновиве паднаа за 9% и многумина сметаат дека падот на цените е резултат на намалената побарувачка. И покрај рекордните продажби, Tesla сè уште ги нема исполето ветувањата поврзани со производството на популарниот Model 3.

Првиот човек на компанијата, Илон Муск, сепак успеа да исполни дел од ветувањето дека Tesla ќе забележи профити во третиот квартал, иако 2018-та во целина е година на загуба. Изминатиот трет квартал е само трет пат во 15-годишната историја кога производителот можел да се пофали со профит.

Tesla не е единствениот производител што останува без државни субвенции. Најголемиот американски производител, general Motors, неодамна исто така ја надина бројката од 200.000 продадени електрични возила.