Tesla добива сериозна конкуренција: Lucid Air EV / ФОТО+ВИДЕО
Автономијата на моделот со едно полнење е 832 км!
По четири години тестирања и разни прототипи, Lucid Motors конечно ја претстави сериската верзија на својот луксузен електричен седан.
Во последните неколку години, многу стартап компании, следејќи го примерот на Tesla, најавија навлегување на пазарот на електрични автомобили, но малку од нив успеаја да ја достигнат фазата на сериско производство.
Lucid Motors сега е многу блиску до тоа, откако ја претстави сериската верзија на својот луксузен електричен седан – моделот Air, кој може да ги помрси сметките на Tesla, барем кога станува збор за продажба на Model S.
A aдути за тоа, барем како што велат од оваа компанија, има многу: атрактивен дизајн, најмодерни технологии и разновидност во понудата – од основната верзија, до најскапиот топ модел.
Lucid Air користи погонска батерија од 113 kWh, а во најскапата варијанта Air Dream Edition, автомобилот има два електромотори со вкупна моќност од 1.080 КС! Оваа верзија има и најдобри перформанси, така што автомобилот од 0 до 96 270 km/h (0-60 милји на час) пристигнува за 2,5 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 270 km/h.
Покрај варијантата Dream Edition, тука се и основните Air, потоа Air Touring и Air Grand Touring.
Air Grand Touring има два електромотори кои произведуваат вкупно 800 КС, што е доволно за автомобилот да забрза од 0-96 270 km/h за 3 секунди. Максималната брзина е 214 270 km/h. Air Grand Touring има и најдобра автономија со едно полнење од сите верзии, бидејќи според податоците од фабриката, овој автомобил може да помине дури 832 километри со полна батерија, потпомогната од специјалните 19-инчни AeroRange тркала и соодветни гуми со мал отпор. За споредба, Air Dream Edition може да помине 748 километрисо едно полнење на батеријата, во варијанта со 21-инчни AeroDream тркала и 809,5 km доколку користи помали, 19-инчни тркала.
Кога станува збор за поевтините варијанти, Air Touring има 620 коњски сили и од 0-96 km/h забрзува за 3,2 секунди. Автономијата се проценува на 653 километри, со гореспоменатите 19-инчни AeroRange тркала.
Спецификациите за основната верзија на моделот Air сеуште не се познати, бидејќи овој автомобил нема да пристигне во салоните се до 2022 година. Двете најскапи варијанти – Air Grand Touring и Air Dream Edition, на пазарот ќе се појават во вториот квартал од 2021 година, а Air Touring во четвртиот квартал истата година.
Производителот истакнува дека сите варијанти на Lucid Air ќе можат да се полнат со брзина до 32 км во минута, доколку се користат брзи полначи.
Покрај исклучителната автономија на возењето и одличните перформанси, Lucid Air плени и со својот футуристички дизајн, како и со својата исклучително пространа и осветлена кабина благодарение на панорамскиот стаклен покрив.
Кокпитот е украсен со голем, 34-инчен заоблен дигитален екран, кој зафаќа поголем дел од контролната табла. Покрај него, тука е и дисплејот од мултимедијалниот систем, на кој се прават разни поставки.
Lucid овој уред го нарекува, кој изгледа како таблет на централната конзола, Pilot Panel и интересно е што екранот – кога не е во употреба – може да се спакува во отвор на конзолата, што дава слободен простор за складирање ситници.
На клиентите ќе им бидат достапни две конфигурации на патничката кабина. Во стандардната, ќе има простор за тројца возрасни патници на задното седиште, додека во луксузната за двајца патници сместени во одделни фотелји.
Lucid исто така развил сопствен систем за асистенција на возачот, таканаречен Lucid DreamDrive. Оваа технологија користи 32 сензори, како и Lidar систем и овозможува автономно возење од ниво 2 или 3, во зависност од пакетот на опрема.
Најевтиниот Lucid Air, основната верзија, ќе чини 72.500 долари (кога се вклучени максимални субвенции од 7.500 долари), но основниот модел нема да се најде во продажба до 2022 година. Цената на Air Touring започнува од 87.500 долари (вклучително и субвенции), а ќе биде достапна веќе во 2021 година. Lucid Air Grand Touring чини 131.500 долари, додека најскапата верзија – Dream Edition, чини 161.500 долари.