Opel оди чекор понапред во развојот на својата бизнис стратегија на пазарите во Европа, објавувајќи го новиот соработник и увозник за Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија

Со цел да се постигне саканиот пораст во регионот, производителот донел одлука бизнисот во овие неколку земји да го довери на веќе добро познатата и успешна компанија „Еуроимпекс“ како почитуван незавизен локален увозник и соработник.

Основана во 1990 како мала компанија со тројца вработени, за трите децении на своето постоење „Еуроимпекс“ има остварено сериозно голем развој, и по Peugeot го превзема работењето и со брендот Opel, а со тоа превзема уште еден бренд од групацијата PSA.

Договорот е веќе потпишан и со завршниот дел од оваа трансакција, „Еуроимпекс“ станува генерален увозник за Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Сите вработени лица во канцеларијата на Opel одговорни за овие пазари, согласно законите ќе бидат превземени од компанијата најдоцна на денот на завршување на трансакцијата.

Трансакцијата и лансирањето на новиот бизнис модел, ќе бидат активирани по официјалното одобрување од надлежните инситуции за заштита на конкуренцијата.

„Одлуката уште еднаш потврдува дека сè се одвива согласно целите зададени во нашиот PACE! стратегиски план. Овој нов модел ќе допринесе нашите продажни планови во почитуваните земји, да бидат поагилни, ефикасни и согласно истото, поконкурентни,“ велии Хавиер Дукемин, извршен директор за продажба, пост-продажба и маркетинг во Opel/Vauxhall и додава: „Длабоко сме уверени дека по оваа одлука нашиот бренд ќе има многу подобри резултати во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.“

„Еуроимпекс“ својата соработка со брендот Peugeot ја започна во 1992 година, а првиот договор за соработка е потпишан во 1994 година. „Еуроимпекс“ веќе пет години е генерален увозник за Peugeot за сите пет погоре споменати балкански земји, а до почетокот на оваа соработка, продадени се повеќе од 20.000 Peugeot возила.

Во 2019 година, на територија на Серверна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, продадени се 2.500 возила Opel, врз основа на што се предвидува раст на брендот во годините кои следат.