Со двете последни сезонски трки во Серес, Грција, заврши првото издание на TWINGO CUP 2019, а Мартин Делев и официјално се закити со шампионскта титула

На првата трка триумфираше Слободан Трајковски, пред Делев и Малинковски, кој пак на втората трка се искачи на највисокото место на подиумот. Во втората трка втор финишираше Трајковски, додека на подиумот имаше место и за Иван Стефановски.

Делев сосема заслужено го подигна шампионскиот трофеј откако сезонава триумфираше на дури четири трки од вкупно седум. Премиерната сезона во TWINGO CUP мина одлично, а Македонија покажа дека има фантастични натпреварувачи.

РЕЗУЛТАТИ ПРВА ТРКА

1. Слободан Трајковски 29:24,297 минути
2. Мартин Делев 29:26,248
3. Давид Малинковски 29:27,248
4. Иван Стефановски 29:31,792
5. Емил Нацка 29:32,174
6. Владимир Тренески 29:33,864
7. Ангелче Стојковски 31:00,153
8. Ненад Костовски 31:01,689

РЕЗУЛТАТИ ВТОРА ТРКА

1. Давид Малинковски 28:40,138 минути
2. Слободан Трајковски 28:45,495
3. Иван Стефановски 28:47,096
4. Мартин Делев 28:50,992
5. Владимир Тренески 28:54,347
6. Емил Нацка 29:25,222
7. Ненад Костовски 30:26, 741

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН (КОНЕЧЕН)
1. Мартин Делев 58 бодови
2. Давид Малинковски 50

 

Loading...