Сопственикот на американскиот производител на електрични автомобили Tesla, Илон Маск, изјави дека неговата компанија е многу блиску до усвојување на петтото ниво на автономна технологија за возење, што ќе овозможува на возилата да се движат без било какво учество на возачот

„Јас сум крајно убеден дека петтото ниво, во суштина целосна автономија, ќе стане реалност и мислам дека тоа ќе се случи многу наскоро“, рече Маск во видео порака на отворањето на годинашната Светска конференција за вештачка интелигенција во Шангај.

Петто ниво на автономна технологија се целосно автономни автомобили кои можат да возат без возач на кој било начин. Автомобилите на Tesla веќе се делумно автономни, но аналитичарите сметаат дека производството на целосно автономни возила наидува на значителни правни и регулаторни пречки.