Неколку месеци по Yaris, сега и Toyota Corolla ја добива својата Cross верзија

Toyota Corolla Cross, засега, постои само во Тајланд, но веќе е потврдено дека наскоро ќе пристигне и на останатите пазари.

Corolla Cross е базирана на New Global Architecture (TGNA-C) на Toyota, а покрај бензинска, ќе биде достапна и хибридна верзија на автомобилот. Димензиите на моделот се должина од 4.460 mm, ширина од 1.825 mm и висина од 1.620 mm, а меѓуоскиното растојание е 2.640 mm. 

Основната верзија на оваа Toyota поседува 1,8-литарски бензински мотор кој испорачува 145 КС и 175 Nm максимален вртежен момент, додека во хибридната верзија е комбиниран со електромотор од 72 КС.

Од визуелна гледна точка, кросоверот е некаде на средина помеѓу хеџбек варијантата на Corolla „бејби“ варијанта на RAV4. Предницата се карактеризира со црна решетка на ладилникот, предни фарови со LED дневни светла… Кросоверот вклучува и други црни елементи (браници, оквирите на калниците, праговите, кровните носачи), тркалата се 17 или 18-инчни тркала, а во внатрешноста се истакнува големиот екран на допир и дигиталната инструментација.