Не толку одамна, 200 КС беa повеќе од доволно моќ за таканаречените hot hatch модели, но денес овие автомобили добиваат агрегати со налудничаво висока моќност

Последен во таа низа е Audi RS3 Sportback кој благодарение на германската тјунинг компанија HGP Turbo под хаубата има 2.5-литарски агрегат со пет цилиндри, неверојатни 606 КС и вртежен момент од 710 Nm.

Сето ова е постигнато благодарение на новиот турбополнач, поголем компресор, K&N воздушен филтер, модифицираниот издувен систем и, се разбира, ремапирање на моторот.

За да се справи со огромната моќ, DSG менувачот со двојна спојка е надграден, а целиот „пакет“ чинел 15.500 евра плус 1.400 евра за работна рака.

Вака подговениот RS3 од 0-100 km/h забрзува за 3,1 секунди, 0-200 за 9,7, а 400 метри ги минува за 11,01 секунди. Теоретски, тоа е побрзо од Ferrari 458 Italia, кој забрзува za 3,4 sekundi, а само 0,1 секунди побавно од новиот Ferrari 488 GTB.

За оние кои се заинтересирани, цената на вака подготвениот Audi RS3 Sportback е 77.730 евра. За споредба, основната верзија на RS3 Sportback во Германија е 55.900 евра.