Volkswagen го претстави новиот, четврти член на своето SUV семејството, малиот кросовер T-Cross

T-Cross е 4,11 метри долг и базиран на MQB платформата која ја дели со модели како што се VW Polo, Audi A1, SEAT Ibiza и SEAT Arona.

Моделот во суштина е намалена верзија на компактниот кросовер од Golf-класата T-Roc. Во првичната верзија, T-Cross доаѓа со 1.0-литарски турбо-бензински агрегат со 3-цилиндри од 95 или 115 КС. Покрај него, во понуда е и 1.6-литарски 4-цилиндерски турбодизел со 95 КС, а набрзо достапен ќе биде и новиот 1.5-литарски TSI, 4-цилиндерски турбобензински агрегат со 150 КС.

Во зависност од моторот, новиот VW кросовер доаѓа со мануелен менувач со пет или шест брзини, или седум-брзински автоматски менувач со двојна спојка, а сите верзии имаат погон само на предните тркала.

Задната клупа може да се помести за 14 cm, а во зависност од нејзината позиција, товарниот простор изнесува 385-455 литри. Со преклопувањето на задните седишта неговиот капацитет се зголемува до 1281 литри.

Основната верзија на T-Cros доаѓа со едноставно радио, седишта со подесување на висина и електрично подигнување на прозорците. И покрај релативно основната опрема, моделот во оваа верзија има систем за предупредување за напуштање на лентата на движење, контрола на мртвиот агол, како и систем за спречување на судир со детекција на пешаци. Повисоките пакети на опрема доаѓаат со мултифункционален управувач, предни и задни сензори за паркирање, двозонска клима, подвижен дел во товарниот простор, како и кутија за складирање на мали предмети во централната конзола.

На врвот од понудата се LED светла, кожен волан, амбиентално осветлување, спортски предни седишта, автоматска контрола на климата и 17-инчни тркала.

Дополнителната опрема вклучува дигитален контролен панел, мултимедијален систен со 8-инчен екран осетлив на допир, систем за отклучување без клуч, адаптивна контрола на крстарење, Beats аудио систем.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Почетната цена на T-Cros во Европа ќе изнесува 17.975 евра. Конкуенција му се модели како што се Nissan Juke и Hyundai Kona.

https://www.youtube.com/watch?v=-lxrCB7V5xU