![Светска премиера на целосно електричниот концепт „Imagine by Kia“](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/03/9474718e-imagine-by-kia-concept-at-2019-geneva-motor-show-23.jpg)
Светска премиера на целосно електричниот концепт „Imagine by Kia“
Концептот „Imagine by Kia“, кој својата премиера ја имаше на тековниот авто салон во Женева, е дизајниран во Европскиот дизајн центар во Франкфурт
Заменик-претседателот за дизајн на Kia Motors Europe Грегори Гијом за концептот ќе рече:
„Со дизајнот на електричниот автомобил не сакаме само да одговараме на загриженоста на клиентите во однос на автономијата, перформансите, мрежата на полначи и возната динамика. Ние сакаме од воодушевување да ви се наежи кожата и кога ќе го видите и кога ќе го возите автомобилот. Токму затоа нашиот концепт на електрично возило е дизајниран да ви го забрза пулсот, а во исто време го означува нашиот сеопфатен и емоционален пристап кон електрификацијата“.
Овој концепт, кој е визуелно олицетворение на посветеноста на Kia да се движи напред во возбудливиот свет на електрификација, е првиот целосно електричен автомобил со четири врати на Kia.
Концепт со својот дизајн комбинира елементи на „мускулест“ спортски теренец, елегантна и спортска лимузина и сестран и простран кросовер. Концептот „Imagine by Kia“ претставува попрогресивен дизајнерски јазик за иднината, со интелигентна доработка на постоечките мотиви и каросерија, кои се карактеризираат со комбинација на „напнати“ линии на телото, јасни дизајнерски црти и поефикасна аеродинамика.
Европски тим за дизајн на Kia обилно ја користи архитектонската дизајн шасија, дизајнирана за електрични мотори, со цел да се зголеми просторот во кабината и на тој начин да се создаде воздушеста и пространа кабина.
Како духовит одговор на сегашната опсесија на автомобилската индустрија за се поголеми дисплеи со висока резолуција, „Imagine by Kia“ донесува дури 21 монитор со многу висока резолуција.
Иако концептот „Imagine by Kia“, се уште не е наменет за производство, сепак најавува дизајнерски елементи на екстериерот и ентериерот, кои може многу лесно да се прилагодат на идното сериско производство.