Иако сигурно ќе се запрашате од каде сега споредба на Tesla Model X и DeLorean кога двата автомобила ги делат 35 години, сепак двата автомобила имаат многу заеднички карактеристики

Автомобилот DeLorean DMC-12 користи бензин, а стана познат во популарната филмска франшиза „Back to the Future“ најмногу поради делумната електрификација, која пак е заштитен знак на Tesla.

Најголемата сличност помеѓу овие две возила кои ги делат неколку генерации е начинот на кој се отвара вратата. Таканаречениот gullwing (галебови крила) систем, каде што вратите се отвараат нагоре, а кои Tesla ги нарекува „Falcon Doors“.

Поентата е дека и Tesla Model X и DeLorean DMC-12 нудат низа футуристички решенија, па ако сте заинтересирани, погледнете го нивниот компаративен тест.