Mercedes го рестилизираше својот популарен SUV, а со стилските промени доаѓаат и технолошки достигнувања

Сеуште актуелниот модел GLC дебитираше во 2015 година како наследник на GLK класата. Промената во името на моделот донесе нов, помодерен дизајн, што дополнително се нагласува со сегашната рестилизација на половина од животниот век..

Решетката на ладилникот е визуелно „појачана“, а предниот браник има нови, хромирани детали. Промена на дизајнот на фаровите и LED светлата доаѓа како стандард. Во задниот дел, исто така, рестилизирани се стоп светлата, а нов изглед имаат и издувните цевки.

Поголемите промени се во салонот, благодарение на воведувањето на новиот MBUX мултимедијален систем кој вклучува и дигитален инструмент-панел, како и голем, централно поставен таблет-екран.

Купувачите на располагање имаат и нови десени на покривките за седишта кои дополнително го освежуваат патничкиот простор. Mercedes го редизајнирал и мултифункционалниот волан со дополнителни контроли на него.

Моторизацијата се состои од два бензински и три дизел мотори. Двете бензински единици имаат 48-волтна технологија т.н. „благ хибрид“.

Послабиот GLC 200 4Matic располага со 197 КС (145 kW), а помоќниот GLC 300 4Matic – 258 КС (190 kW). Базниот дизел мотор е GLC 4Matic 200d со 163 КС (120 kW), а го следат GLC 4Matic 220d со 194 КС (143 kW) и GLC 4Matic 300D со 245 КС (180 kW).

Mercedes ја проширил и понудата на дополнителна опрема. Клиентите сега можат да нарачаат Dynamic Body Control System или променлива суспензија. Покрај тоа, достапен е специјален пакет за теренско возење (Off-Road Engineering Package), со предефинирани Off-Road и Off-road + режими на возење.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1i6-eqhpE67jLCLpvKsEV82NrH5_Qyqfd” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Рестилизираниот Mercedes GLC ќе биде претставен на саемот за автомобили во Женева, кој почнува на 5 март, а во продажните салони пристигнува во средината на 2019 година. Цените сеуште не се објавени.