SUV и кросовер моделите се до три пати поопасни за пешаците отколку стандардните автомобили?!
„SUV-манијата која го зафати целиот свет, има катастрофални последици, не само за животната средина“, се наведува во едно истражување направено во Америка
Имено, во истражувањето спроведено од агенциите Detroit Free Press и USA Today, SUV моделите се до три пати поопасни за пешаците отколку стандардните автомобили. Во истражувањето се тврди дека претставници на владата го знаат ова веќе неколку години, но „направиле малку за да го намалат бројот на смртни случаи на пешаци, што значи дека не укажувале на оваа опасност“.
Во текот спроведувањето на ова истражување, откриено е дека бројот на смртни случаи на пешаци во САД се зголемил за дури 46% од 2009 година, но и дека во повеќето сообраќајни несреќи со жртви, вклучено е SUV возило. Само во текот на 2016 година, во САД настрадале речиси 6.000 пешаци.
Воопшто не е изненадување што голем број на фатални несреќи се случиле во густо населени места односно градовите. Имено, во категоријата градови со најмалку 200.000 жители во Америка, најопасни се Детроит, во кој стапката на смртност е дури 34,5 луѓе на 100.000 жители. Исто толку опасни се и Њујорк, Мајами, Тампа, Сент Луис и Феникс.
Сепак, како што се наведува, би било крајно невнимателно за се да се обвинуваат SUV автомобилите. Имено, голем број на пешаци кои настрадале или се здобиле со сериозни повреди во сообраќајни незгоди, ги преминувале улиците надвор од означените места за премин. Исто така, многу важно, сè поголем е бројот на возачи и пешаци кои се попречени со користење на нивните мобилни телефони.
Како и да е, за време на истражувањето, дојдено е до податок дека иако на сообраќајните несреќи влијаат голем број фактори, поврзаноста со кросоверите, камионетите и SUV моделите е прилично јасна. Дебатата за точниот број е во тек, но Detroit Free Press вели дека дури во 69% од фаталните несреќи помеѓу 2009 и 2016 година, биле вклучени и SUV автомобили.
Имено, Националната агенција за безбедност на сообраќајот (NHTSA) планира при оценувањето на возилата да вклучи и категорија што се однесува на безбедноста на пешаците. Ова требаше да се случи оваа година, но не се случи, а причината е непозната. Има многу гласини дека за ваквата одлука е спротивставувањето на голем број на производители на автомобили.
Сепак, мора да се признае дека и самите производители се повеќе внимание посветуваат на безбедноста на пешаците и сé поголем број нови SUV возила се опремени со системи за помош на возачот кои можат да спречат сообраќајни несреќи со фатални последици по пешаците. Ова првенствено се однесува на системот за предупредување за судар, како и автономното сопирање во итни случаеви.