Subaru од 2030 година ќе прави само електрични возила
Subaru дефинитивно не е единствената компанија која сака да ги пренасочи сите свои ресурси кон електричните возилa
Јапонската компанија во моментов има само неколку електрифицирани возила кои се продаваат на глобално ниво, вклучувајќи ги тука Crosstrek Hybrid за американскиот пазар, како и Forester e-Boxer за Европа, но Subaru подготвува агресивен план за следните две децении.
Subaru ќе има моќни хибридни возила благодарение на соработката со гигантот Toyota и затоа се подготвува голем проект за крајот на оваа деценија, кој ќе му помогне на Subaru многу брзо да достигне 40% електрични возила.
Тие веќе објавија скици од електричен модел, кој би требало да изгледа како кросовер, а како што е веќе претходно кажано, планот на Subaru е да произведува само електрични возила веќе во првата половина на 2030 година.
„Иако користиме технологија на Toyota, овие хибриди ќе бидат исклучиво модели на Subaru. Не станува збор само за емисиите на јаглерод диоксид, туку за тоа дека сакаме да ја подобриме безбедноста и перформансите на сите наши модели на возила“, вели Тетсуо Онуки, шеф на одделот за развој на технологија во Subaru.
Повеќе детали за овој план на Subaru се очекуваат наскоро.