Потребни се многу работа за да 16 работни дена или 127 часа човечки труд се состави само еден Bentley Bentayga Speed

Овој модел се составува во Кру, Англија, каде што е домот на Bentley уште од 1946 година, а според некои анализи, групата VW со нив заработила над 500 милиони евра во текот на две години.

На дрвените делови се работи околу 10 часа, на бојата околу 24 часа, на моторот во просек 13,4 часа, додека автомобилот се склопува за околу 52,5 часа.

Bentley Bentayga Speed ​доста потсетува на спортски автомобил бидејќи му се потребни околу 4 секунди за да стигне до  100 km/h, додека максималната бризна достигнува 305 km/h.

Ако овој модел го споредиме со моделот W12, ќе се види дека има дополнителни 26 КС и до 100 km/h стигнува неколку десетинки порано. Се напојува со 6.0 V12 мотор, со 626 коњски сили и 900 Nm вртежен момент.

Како пример, во САД овој автомобил може да се купи за околу 236.000 американски долари, а неговата цена се очекува да продолжи да расте.