Станува збор за транспортно електрично возило многу слично на концептот Volkswagen Sedric

Cruise Origin би требало да го промени начинот на се превезуваме, велат првите луѓе на компанијата, а кои не сакаат да навлезат во премногу детали, но посочуваат дека нивниот производ ќе биде ценовно достапен и ќе има примарна цел да го намали загадувањето.

Cruise ќе ја користи платформата на General Motors за електрични возила, велат од компанијата.

Возилото нема да има возач, а тие велат дека ќе биде револуционерно на секој начин, особено кога станува збор за компонентите и големиот простор што го краси овој модел, така што секој патник ќе има повеќе од доволно простор за нозете.

„Животниот век“ на овој модел се проценува на околу еден милион милји (1.609.344 километри), а возилото нема да биде комерцијално достапно, туку ќе се користи како услуга и секој пат корисниците ќе имаат непроценливо искуство.

Точниот датум на кој ова возило може да се најде на улиците сè уште не е даден, но повеќе информации сигурно ќе дознаеме во наредните месеци.