Во пожар кој се случил во вторникот, покрај бројни скапи Maserati модели, уништени се и автомобили кои се произведуваат во соседна Србија, во Крагуевац, FIAT 500L

Според локалните медиуми, пожарот во пристаништето избувнал во вторникот, 30 октомври, околу 3:30 часот и погодил стотици нови возила, вклучувајќи и Maserati автомобили за извоз на Блискиот Исток.

На огнената стихија и претходела бура поради која се зголемило нивото на морето во пристаништето во Савона, по што паркингот со новите автомобили за извоз бил преплавен со морска вода.

Како што биле изложени на солена вода, акумулаторите во некои од паркираните возила експлодирале, а силниот ветар придонел пожарот да се прошири брзо на стотици соседни автомобили.

Локалните медиуми известуваат дека меѓу изгорените возила, стотици, најбројни се автомобили на Maserati, а на видеото по пожарот може да се видат и голем број на целосно уништени FIAT 500L од Крагуевац.

Поради суровите временски услови, пожарникарите не можеле лесно да се справат со пожарот, а дополнителна закана биле и повремените експлозии на автомобили.

За среќа, ниту еден од пожарникарите кои учествувале во гаснењето не бил повреден за време на оваа интервенција.

https://www.facebook.com/savonanews.it/videos/204912283619109/