Како и купе верзијата, така и кабриолетот ќе биде достапен во две верзии – M850i xDrive и 840d xDrive

Откако протекоа првите фотографии на интернет, BMW и официјално ја претстави Серија 8 во Convertible издание пред светската премиера, закажана за крајот на ноември и Салонот за автомобили во Лос Анџелес.

Кабриолетот дизајнерски е сличен на купе, а освен разликата во мекиот преклоплив кров, Серија 8 Convertible има и малку поинаков заден крај на автомобилот. Платнениот покрив се спушта или се подигнува за само 15 секунди, а оваа операција може да се изврши дури и кога возилото е во движење, но само до брзина од 48 km/h.

Во салонот има место за 4 лица, а BMW вградил специјални заштитни рол-бар елементи кои во случај на превртување на автомобилот автоматски се активираат за дел од секунда за да ги заштитат патниците од повреди.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Моторизацијата барем на почетокот од продажбата, се состои од две погонски единици.

Дизелот 840d xDrive користи редни 6-цилиндерски 3.0 twin-turbo мотори со 320 КС (235 kW) и 680 Nm, а моќта се пренесува на сите 4 тркала преку 8-степен автоматски менувач. Покрај овој модел, купувачите ќе можат да го изберат и моќниот BMW M850i xDrive погонет со 4.4-литарски twin-turbo V8 со 530 КС (390 kW) и 750 Nm максимален вртежен момент.

За пренос на енергија, се користи истиот 8-брзински автоматик.

BMV Серија 8 Convertible својата светска премиера ќе ја има на претстојниот саем во Лос Анџелес, а во продажба ќе влезе во првата половина од 2019 година.

Loading...