Генерално, во 2018 година споредбено со претходната година, во Германија биле украдени помалку автомобили, а бројката станува уште поважна ако се знае дека во истиот период се зголемил бројот на ново регистрирани возила во оваа земја

Ова е заклучокот изведен од извештајот „Криминални активности поврзани со со моторни возила“, издаден од Федералната полиција за криминал на Германија (БКА). Вкупниот број на украдени или „трајно изгубени“ автомобили изнесува 16.600, според БКА, што е намалување за 12,7% во однос на 2017 година, кога биле отуѓени околу 19.000 возила.

Најпопуларната марка за крадците во Германија е без конкуренција Volkswagen, па изреката „што зрачиш, тоа привлекуваш“ добива уште една потврда во реалноста. Вкупната бројка на украдени возила од оваа марка е 3.100 единици.

Како што може да се види од табелата, следува BMW, но со огромна разлика – 2.175 примероци. Многу блиску на третото место е Audi со 2.124 возила. Следи Mercedes со 1.941 возила кој ја заокружува германската доминација на врвот од оваа непопуларна листа.

Интересно е да се напомене дека, по германските, најпопуларни се јапонските возила, додека италијанските брендови скоро и да не се интересни за крадците во Германија. Интересно е и тоа што бројката на украдени возила од петте марки во вториот дел од рангирањето не е поголема од онаа на „омилениот“ – VW.

Падот на бројот на украдени возила се толкува со напредокот на технологијата односно заштитните системи.