Станете експерт за Volkswagen SUV моделите / ВИДЕО
Популарноста на SUV моделите во последниве години влијаеше и на Volkswagen, кој за само неколку години значително ја збогати својата гама па сега во понудата има пет различни модели на располагање на европскиот пазар
SUV офанзивата ќе продолжи и во наредните години, а во VW предвидуваат дека половина од патнички автомобили во светот до 2025 година ќе бидат токму SUV моделите. Германскиот производител ова ќе го следи со 30-на модели до средината на следната деценија.
Во меѓувреме, тимот на Autogefuhl одлучил да направи компаративен тест на европските SUV модели на Volkswagen со детална анализа на Т-Cross, Т-Roc, Tiguan, Tiguan Allspace и Touareg.
Ако сакате да станете експерт за Volkswagen SUV моделите, ова е вистинско видео за Вас. Но, внимавајте, трае цели два часа.