Британецот сензационално го освои Бразилското ГП. Елегантниот последен маневар ги воодушеви гледачите и предизвика експлозија од емоции кај Тото Волф

По петочните квалификации Британецот беше казнет поради неправилности во DRS системот и во саботната спринт трка која го одредуваше стартниот редослед на неделната главна трка тргна од последното 20. место. Тоа не го спречи да се пробие до петтото место, но поради казната од -5 места поради промена на моторот на главната трка стартуваше дури од 10. место. Ниту тоа не му пречеше за спектакуларно и фуриозно да стигне до нова 101 победа во кариерата и намалување на бодовната предност на Верстапен во генералниот пласман на три трки до крајот на сезоната.

Спектакуларната потера на Интерлагос е можеби најдраматичната Formula 1 трка видена оваа сезона. Хамилтон никогаш не изгледал толку инспириран. 

Макс Верстапен одлично се снајде на стартот од трката и прилично лесно го доби дуелот со првиот по саботната спринт трка Валтери Ботас кој својата позиција ја бранеше само до првиот свиок. Шанса намириса и вториот возач на Red Bull, Серхио Перез, која веднаш ја искористи. 

Зад нив Хамилтон во неколку потези ги „прелета“ болидите пред себе и во веќе во третиот круг стигна до петтото место. Во тој момент на патеката излезе безбедносно возило, за да се очистат од патеката деловите од болидот на Цунода по контактот Ленс Строл од Aston Martin, што само отвори нова можност за Хамилтон. 

По повлекувањето на безбедносното возило, Ботас без борба му ја препушти третата позиција на Хамилтон кој веднаш тргна во потера по Серхио Перез. Мексиканецот сепак не беше лесен залак за Хамилтон, бидејќи мораше двапати да го заобиколува, по што се најде зад грбот на водечкиот Верстапен. Разликата од 3,5 секунди му даде шанса на Mercedes да се обиде да изведе „undercut“ или преземање на водството преку боксовите, што на Хамилтон и му успеа. Хамилтон на прва замена на гумите влезе во 26-от круг, за да два круга подоцна истото го направи и Red Bull по што Верстапен, повторно го презеде водството, но со најголемиот ривал на опашката.

До првата пресметка дојде во 48. круг. Хамилтон го започна нападот пред четвртиот свиок. Верстапен се одбрани, а потоа и двајцата во голем лак излегоа од патеката и едвај избегнаа допир. „Ова е лудо“, протестираше Хамилтон, алудирајќи дека Холанѓанецот го истуркал. Веднаш дојде до притисок врз судиите од двата тима: Кристијан Хорнер на главниот судија Мајкл Маси му сугерираше „да ги остави да се тркаат“, додека Mercedes протестираше и очекуваше казна. FIA пресуди дека нема причина за истрага.

Тоа не го обесхрабри Хамилтон кој продолжи да притиска, за во 59. круг буквално да се залепи за Верстапен, по што следуваше напад и преземање на лидерската позиција. Елегантниот маневар на седумкратниот светски шампион ги воодушеви гледачите, предизвика експлозија од емоции кај шефот на Мерцедес, Тото Волф и послужи како последен зачин на бразилската трка. Преостанатите 12. круга беа само формалност и можност со брзи кругови да се направи разлика во времиња од добри 10 секунди. Серхио Перез сепак успеа да му одземе еден бод на Британецот, оној за најбрз круг во трка.

Следниот судир за тронот е за една недела во Катар, по што остануваат уште трките во Саудиска Арабија (5 декември) и Абу Даби (12 декември). Верстапен и понатаму води, но сега само со 14 бодови предност …

2021 Brazilian Grand Prix / Резултати

2021 Brazilian Grand Prix / Race Highlights

2021 Brazilian Grand Prix / Sprint Highlights

2021 Brazilian Grand Prix / Qualifying Highlights

2021 Brazilian Grand Prix / Изјави по трката

Луис Хамилтон

„Благодарен сум на публиката за поддршката. Вака не сум се чувствувал од Силверстон. Оттогаш имаше неколку тешки трки и навистина се чувствувам почестен. Каква трка беше ова! Тимот заврши одлична работа, а исто така и Валтери, кој ни донесе важни бодови во шампионатот на конструктори. Дадов се од себе и притиснав максимално по дисквалификацијата и казната од пет места. Пред почетокот на викендот не очекував дека ќе го намалиме заостатокот. Потоа се тргна против нас, но не се откажавме. Никогаш не престануваме да се бориме и тоа е секогаш нашиот пристап“, изјави Хамилтон по трката.

Макс Верстапен

„Се обидовме со се што можевме. Мислам дека ова беше добра борба, но на крајот ми недостигаше темпо. Дадовме се од себе и можам да ви кажам дека беше забавно. Сè уште имам предност во шампионатот и ова беше ситуација за ограничување на штетата по нас. Овој викенд беше тежок за нас, но убеден сум дека ќе се вратиме многу подобри на следните трки“. изјави Верстапен по трката.

ПОСЛЕДНА ВЕСТ

Судиите утврдиле дека Хамилтон почесниот круг го возел со откопчан безбедносен појас.

Поради тоа, Луис Хамилтон ќе мора да плати казна од 5.000 евра. Покрај овие пари, на име на овој прекршок ќе Хамилтон ќе трба да плати уште 20.000 евра, но во 2022 година.

Судиите велат дека ја разбираат желбата за славење, но истакнауваат дека појасите не смеат да се одврзат се додека болидот е во движење. Дополнително, возачите на Formula 1 мора да се придржуваат до овие правила бидејќи тие се пример за учесниците во помладите категории.

ANIMEFLIX: Aim for the Ace! (1979) anime episode Full online free at https://animeflix.nl hotarubi no mori e animeflix

Watch anime online for free at AnimeBee english dubbed anime

Watch Overlord: Ple Ple Pleiades - Nazarick Saidai no Kiki Episode 1

4Anime: Emma: A Victorian Romance Second Act anime episode 12 online free at https://4anime.biz anime stream

Website https://animeflv.uk: Watch Getter Robo Go animeflv Episode 9 dubbed anime