Сосема новиот SUV Peugeot 2008 достапен и во EV форма / ФОТО+ВИДЕО
Peugeot ja претстави втората генерација на моделот 2008 кој дизајнерски е сосема поинаков од неговиот претходник, а уште една значајна новина е воведувањето на електрична верзија
Peugeot 2008 за 2020 година дизајнерски е целосно во согласност со најновата генерација на модели на производителот, што значи дека има карактеристична препознатлива маска на ладилникот и специфични LED фарови на кои се надоврзуваат LED дневните светла.
Автомобилот е значително подолг од претходната генерација (за 14 см), а зголемено е и меѓуоскиното растојание. Во патничката кабина сега е поудобно, особено за оние на задните седишта кои доби повеќе простор за нозете и главата, а малку е зголемен и волуменот на багажниот простор (434 литри).
Внатрешноста на 2008 наликува на ентериерот на новиот Peugeot 208, кој дебитираше во 2018 година, а францускиот производител вели дека на клиентите ќе им бидат понудени четири нивоа на опременост: Active, Allure, GT Line и GT.
Една од најважните новини е во погонскиот дел. Peugeot 2008 за прв пат има и верзија на струја, опремена со електромотор од 136 коњски сили (100 kW) и 260 Nm. Електричната енергија се складира во батериски систем со капацитет од 50 kWh, кој обезбедува автономија за возење од 312 km.
Времето потребно за полнење на батеријата варира во зависност од типот на полначот, а Peugeot e-2008 најбрзо се полни со полнач од 100 kW – 30 минути за 80% капацитет.
Во однос на верзиите со конвенционалните мотори, корисниците ќе можат да избираат помеѓу бензински и дизел мотори. Бензинската понуда е 1.2-литри и 3-цилиндри во варијанта од 100, 130 и 155 КС.
Оние кои ќе се одлучат за дизел мотор на располагање ќе имаат 4-цилиндерски 1.5 BlueHDI мотор во верзија со 100 и 130 КС.
Со новиот 2008 доаѓаат и бројни системи за асистенција кои треба да допринесат за побезбедно возење, вклучувајќи Drive Assist пакет со адаптибилен темпомат и помош за одржување на возилото во сообраќајна лента, со автоматска корекција на управувачот. Тука се и предупредувањето за други автомобили во мртвиот агол и автоматско сопирање во случај на опасност од судир.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1bXfgAHbZyoF-J0IGIvtZGzldVcTwLaEk” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Новиот Peugeot 2008 во продажните салони доаѓа до крајот на годината, а цената засега не е позната.