SUV моделот добива систем за автономно движење од четвртото ниво

Следната генерација на Volvo XC90 ќе добие автономен систем од четврто ниво, кој ќе може да самостојно да управува со возилото, но само по одредени правци. Ова во едно интервју за The Car Conection го вели заменик-претседателот на компанијата Хенрик Грин.

Автомобилот ќе биде опремен со технологија Highway Assist, која ќе биде понудена како опција. Сите податоци ќе се добијат од „облак“ (Cloud), бидејќи ќе содржат картографски информации. Системот нема да користи стандардна V2X врска (автомобил-инфраструктура или автомобил-автомобил).

Според првичните информации, новиот Volvo XC90 ќе биде лансиран во 2021 година. Соодветно на тоа, компанијата мора да добие решение од Владата на САД и локалните власти за користење на беспилотни возила по јавни патишта.

Со сегашната генерација на моделот се нуди полуавтономен систем Pilot Assist II. Тој овозможува автомобилот да се придвижува автономно како во собраќајните градски гужви, така и на отворен пат. Технологијата работи со брзина до 130 km/h, a за нормално функционирење потребни се јасни патни ознаки и маркации.